
Италијанскиот калчолигаш Милан сака да го задржи шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ и следната сезона. Тој во октомври ќе наполни 40 години, меѓутоа и натаму без проблем може да игра фудбал на врвно ниво. Буквално на свои плеќи го носи тимот на „росонерите“ и оваа сезона.
„Лавовите не стареат како луѓето“, одговара Ибрахимовиќ на закачките дека е ветеран и дека се ближи крајот на неговата фантастична кариера.
Милан сака да го задржи уште една сезона, со понуда од 5 милиони евра годишно, но и со задача дел од искуството и знаењето да му ги пренесе на некој помлад напаѓач кој потоа би бил негов наследник во навалната линија на Милан. Потпретседателот Паоло Малдини размислува да го купи српскиот интернационалец Душан Влаховиќ од Фиорентина за сума од 35 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
