Барселона успеа да избори пласман во финалето на Купот на Шпанија, но „даде жртва“ со повредата на дефанзивецот Жерар Пике. Тој тукушто се опорави од една непријатна повреда, се здоби со друга истегнувајќи ги лигаментите на десното колено. Лекарскиот тим му препорача мирување и тој дефинитивно ќе биде надвор од терените во наредните две седмици.
Пике сигурно ќе го пропушти реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Тоа е уште една главоболка повеќе за тренерот Роналд Куман со оглед дека каталонскиот тим има речиси невозможна мисија за пласман во следната рунда откако загуби на „Камп Ноу“ со 1-4 во првиот меч.
Реваншот на „Паркот на принцовите“ во Париз е закажан за 10. март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













