Connect with us

Бруно Фернандеш добива двојно поголема плата во Манчестер Јунајтед

Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш по доаѓањето од Спортинг Лисабон се наметна како еден од носителите на играта на Манчестер Јунајтед, па менаџерот Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот одлучија да го наградат со двојно поголема плата.

Неговиот договор кој има важност до јуни 2025 година ќе биде ревидиран, а тој од почетокот на следната сезона ќе заработува по 200.000 фунти седмично. 

Според сегашниот актуелен договор, Бруно Фернандеш има седмична плата од 95.000 фунти. Португалецот од следната сезона ќе биде петтиот најплатен фудбалер на „Олд Трафорд“. Одличниот играч за врска е најстанарден со формата од сите фудбалери на Манчестер Јунајтед и најзаслужен што „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на втората позиција на табелата во Премиер – лигата. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови