На италијанскиот калчолигаш Интер одлично му оди на спортски план во Серија А, се наоѓа на првото место на табелата со шест бода предност во однос на градскиот ривал Милан, но поголемата болка за раководството е што клубот е во финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Се бараат начини за излез од оваа ситуација, а Манчестер Јунајтед си ги бара парите за трансферот на Ромелу Лукаку.
Интер должи две рати кои веќе требаше да му бидат исплатени на Манчестер Јунајтед, па англискиот клуб го побара Лаутаро Мартинез како опција за подмирување на долгот. Оле Гунар Солскјер сака на лето да го доведе Лаутаро Мартинез како големо засилување за навалниот ред на „црвените ѓаволи“.
Сепак, напаѓачот на Интер ја одбил оваа можност. Тој не сакал неговиот иден трансфер да биде протолкуван како „кусур“ за трансферот на Ромелу Лукаку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













