Connect with us

Капинковски: Не потклекнавме на притисокот во Струга

Пелистер врза две последовни победи, по триумфот над Ренова во Битола успеа да ја совлада на гости и Струга Трим Лум. Тренерот Димитар Капинковски е задоволен од храброто издание на тимот, вели дека не потклекнале на притисокот што го правеа стружани во финишот од мечот.

 „Во најавата за средбата кажав дека натпреварот ќе биде тврд и неизвесен. Нашите амбициите се опстанок во Првата лига, додека стружани сосема заслужено имаат поголеми амбиции. Во финишот од мечот подобро се снајдовме, не потклекнавме пред нивниот притисок, а на крајот постигнавме и погодок за победа. На секој натпревар одиме да оствариме позитивен резултат, бидејќи само така ќе се избориме за нашата цел“, изјави Капинковски.

Во следното коло, Пелистер на домашен терен го пречекува Борец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови