Connect with us

(ИН)ДИРЕКТ: Еден, два, три…Ѓоре си се скри

Трето коло од пролетната полусезона. Искрено, не очекував толку брзо Ѓоре Јовановски да си замине од Беласица. Посебно не, по најавите од зимскиот преоден рок дека се формира квалитетен тим кој ќе се обиде да избори опстанок во лигата. Но, по три кола…еден, два, три…Ѓоре се скри. Добро, излезе и кажа дека си заминува поради разидување со раководството на клубот.

И сега си велам…Не знаеше ли поранешниот македонски селектор каде оди? Дека има „судир на интереси“ уште и пред да биде поставен. Тој се залага за чесен фудбал, макотрпна работа, па дури и спартански начин на работење. Некои велат дека е тоа веќе застарен модел, некои се уште го поддржуваат. Но, најважно е дека Ѓоре Јовановски сака да работи чесно и да бележи резултати според заслугите. 

Беласица уште на стартот „опали“ – јака двојка во Тетово против Ренова. Со толку многу обложувалници во земјава, речиси секој втор зборува со обложувачки јазик, па почнаа и муабетите…Знаете колкава беше „двојката“ на Беласица?! Затоа победија.

Не сакаш да веруваш, ама ти останува потсвесно во некој фајл од мозокот. И потоа, после „јаката двојка“, Беласица си загуби од Струга Трим Лум и од Борец. 

Еден, два, три…Ѓоре си замина. Можеби требаше да му биде поука и авантурата на Ѓоко Хаџиевски во Струмица. И тој не издржа долго, а се повлече исто така спогодбено…кога клубот веќе немаше шанси за опстанок, па се беше посветено на „обложувачкиот јазик“. 

Македонија е ова, сите се си знаеме, и најчесто си молчиме. Еве одвреме навреме, без да крене судијата ИНДИРЕКТ, нешто и да поднапишеме. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови