Барселона е првиот финалист во Купот на Шпанија откако ја елиминира Севилја совладувајќи ја по продолженија со 3-0 на „Камп Ноу“. Севилја имаше два гола позитива (0-2) од првиот меч, а Барса анулира дел од таа предност во 11.минута со прекрасниот гол на Осман Дембеле.
Лукас Окампос не реализира пенал на дваесетина минути до крајот, Марк Андре Тер Штеген одлично го одбрани неговиот шут, а вториот гол на Барса го постигна Жерар Пике буквално во последните мигови од регуларниот тек. Мечот отиде во продолженија, а во нив погоди Братвајт во 95.минута.
Севилја продолженијата ги играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фернандо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













