Снегот можеби беше непосакуван за најголем дел од фудбалските прволигаши и го поремети самиот старт на пролетната полусезона во македонското првенство, но дефинитивно добро му доаѓа на Вардар. Најтрофејниот клуб кој подготовките ги стартуваше пред три дена, сега добива една дополнителна седмица за подготовки за вториот дел од шампионатот.
Тоа многу ќе значи за шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи и за кондицискиот тренер Михајло Шејкероски – Шани, со оглед дека ќе имаат можност подобро да ги подготват младите фудбалери за пролетните искушенија.
По многу проблеми и перипетии, Вардар конечно почна со тренинзи во средата, а во составот останаа само неколкумина од есенскиот дел од првенството кои ќе добијат поддршка од младинците на клубот. Во првото пролетно коло вардарци на арената „Тодор Проески“ денеска требаше да го пречекаат Пелистер, а по одлуката на Натпреварувачката комисија на ФФМ сега тоа е одложено за следната недела, на 21. февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













