Connect with us

Вучиќ тргнува во менување на Кокеза?

Актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, и еден од тројцата најблиски и најверни луѓе на српскиот претседател Александар Вучиќ, Славиша Кокеза, беше испрашуван дали учествувал во подготовка на можен атентат врз претседателот. Тој одбил да сведочи на полиграф, а многу често беше поврзуван со групата на Веља Невоља и тоа за можна трговија со оружје.

Едно од прашањата што му биле поставени на Кокеза е дали учествувал во подготовката на атентатот врз српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој веднаш одбил да одговара на ваква тема, а српските медиуми наголемо пишуваат дека одбивањето на полиграфот покажува дека совеста на Кокеза не е сосема чиста. 

„Поголема штета е за оној што го одбива сведочењето на полиграф, отколку за оној што го прифаќа“, објаснува поранешниот службеник на службата за државна безбедност и приватен детектив, Божидар Божа Спасиќ.

На прашање од оперативците зошто не сака да се подложи на полиграф, Кокеза одговорил дека така го советувал претседателот на Високиот суд во Белград, Александар Степановиќ.

Медиумите најавуваат дека после ова, Славиша Кокеза би можел да биде сменет од претседателската функција во Фудбалскиот сојуз на Србија, а како најсериозен кандидат за наследник се споменува Немања Видиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови