
Спортските клубови ќе добијат помош од државата со петтиот пакет економски мерки донесен од Владата на последната седница. Предвидените ваучери за 2021 година во одреден дел ќе бидат исплатени директно од буџетот на почетокот на годината. Поточно 33% од сумата што спортските клубови ја добиваат според ваучерскиот систем ќе се исплатат веднаш директно од буџетот, наместо како досега клубовите сами да бараат компании преку кои ќе треба да го реализираат.
Ова треба да биде помош за доигрување на сезоните во овој ковид-период, но исто така треба да стане и пракса, а државата да најде начин комплетниот износ на ваучерите да биде исплаќан преку буџетот.
Исплаќањето на оваа мерка е предвидена за периодот март – мај 2021, а Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за финансии и УЈП треба да подготват соодветни законски решенија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
