Оливие Жиру постигна два гола во триумфот (7-1) на Франција над Украина и го надмина Мишел Платини на вечната листа на стрелците кај „триколорите“. Жиру со 42 гола сега е осамен на втората позиција. Во убедливата победа придонесоа и младиот Камавинга кој го постигна дебитантскиот гол, Толисо, Мбапе и Гризман, а укринскиот фудбалер Миколенко си постигна и автогол. Единствениот погодок за Украина беше дело на Виктор Циганков.
Шпанија првпат по 2016 година и серија од 42 натпревари не постигна гол. Мрежата на Руи Патрисио остана да мирува во ремито без голови на ибериското дерби меѓу Португалија и Шпанија.
Голеада имаше и на мечот меѓу Германија и Турција, а на крајот гостите извлекоа 3-3 со гол во четвртата минута од судиското продолжение што го постигна Кенан Караман.
Италија со 6-0 ја совлада Молдавија, а Холандија загуби од Мексико со 0-1. Хрватска славеше со 1-2 против Швајцарија иако селекторот Златко Далиќ условно им даде шанса на „резервистите“ во хрватскиот состав. Јосип Брекало и Марио Пашалиќ стрелаа за „коцкестите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













