Каталонскиот гигант Барселона е во незавидна финансиска ситуација и повторно ќе мора да ги крати платите на фудбалерите. Лошото работење на клубот во изминатиот период, но пред се кризата која го зафати и светот на фудбалот поради пандемијата на коронавирусот, екстремно влијаеше и на финансиското работење на Барселона. Клубот остана без најголем дел од планираните приходи.
Поради ова ќе мора повторно да се кратат платите на фудбалерите и тоа за околу 30%, откриваат медиумите од Каталонија. Претседателот Бартомеу, кого го сметаат за главен виновник за настанатата ситуација, го чека враќањето на капитенот Лионел Меси на „Камп Ноу“ по репрезентативните обврски за да го образложи новиот план за функционирање.
Барселона е толку задолжена што ја има загубено и кредитоспособноста, па не може да ги покрие долговите со нов кредит. Прашање е дали фудбалерите ќе се сложат на ново „кинење“ од нивниот џеб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













