Српскиот првак Црвена Звезда е зафатен од бранот на коронавирусот. Тимот на Дејан Станковиќ остана без двајцата најдобри стрелци во досегашниот тек од првенството, тие нема да можат да настапат на „вечното дерби“ против Партизан на 18 октомври.
По Мирко Иваниќ, клубот соопшти дека позитивен на Covid-19 е и Гелор Канга. Тој по репрезентативните обврски е тестиран и тестот е позитивен. Ова ќе биде голем хендикеп за „црвено-белите“ во пресрет на „вечното дерби“ против Партизан кое е закажано за в недела.
Покрај српското големо дерби, Иваниќ и Канга сигурно ќе го пропуштат и мечот против Хофенхајм, прв од групната фаза во Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













