Дербито на Ливерпул е првиот меч со кој Премиер – лигата утре се враќа на сцена, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, има само пофални зборови за ривалот Евертон. Тој вели дека Карло Анчелоти завршил одлична работа, а неговиот тим е раздрман со проблеми.
„Сега сме овде и размислуваме за утрешниот меч. Никогаш не сакаш да изгубиш со 7-2, како што тоа беше со Астон Вила, но им испратив една долга СМС порака на фудбалерите по тој неуспех. Мораме да покажеме дека еден таков пораз може да биде и корисен, ако се извлечат одредени поуки. Имаме шанса да го докажеме тоа против Евертон. Тие се екипа која „лета“ во моментот, а ние сме сериозно раздрмани“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул има(ше) проблем и со фудбалери кои беа позитивни на Covid-19, но Садио Мане и Тијаго Алкантара го надминаа вирусот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













