Францускиот интернационалец Жул Кунде е трансферна цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот. Раководството на клубот ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер, е одушевен од квалитетите на 21-годишниот дефанзивец на Севилја и инсистира тој да биде доведен, не прашува за цената.
Сепак, сумата воопшто не е наивна. Кунде има договор со Севилја до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра. Покрај Манчестер Јунајтед, за Жул Кунде се интересираат и Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













