Реал Мадрид се извлече од дебакл, но сепак загуби од Шахтјор Доњецк во воведниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Шахтјор победи во Мадрид со 2-3, а тоа е втор последовен пораз за тимот на Зинедин Зидан по оној против Кадиз во Ла Лига. Овој боли многу, затоа што Шахтјор дојде без десетмина играчи од првиот тим во Мадрид.
Тете ја отвори серијата во 29.минута, Варан си даде автогол четири минути подоцна, а Саломон зголеми на 0-3 пред крајот на првиот дел.
Лука Модриќ погоди на стартот од второто полувреме, Жуниор Винисиус намали на 2-3 само неколку секунди откако влезе во игра, но Реал Мадрид немаше сили за пресврт. Федерико Валверде постигна гол за израмнување во 93.минута, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат.
Салцбург и Локомотив Москва одиграа 2-2. Едер ги изненади домашните фудбалери во 19.минута, но Шобошлаи израмни пред полувремето.
Во вториот дел, Јунузовиќ се погрижи за пресврт, но Лисакович не дозволи Локомотив Москва да загуби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













