Европскиот првак Баерн Минхен убедливо ја почна одбраната на трофејот во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ славеше триумф од 4-0 против Атлетико Мадрид.
Кингсли Коман и Леон Горецка донесоа комфорна предност по првиот дел, а Корентин Толисо и повторно Кингсли Коман го декласираа составот на Симеоне до крајот на мечот.
Интер ремизираше 2-2 против Борусија Менхенгладбах во Милано. Ромелу Лукаку го спаси италијанскиот тим од пораз во 90.минута, а погоди и за предност во 49.минута. Борусија Менхенгладбах имаше триумф се до пред крајот, погодија Бенсебаини од пенал и Хофман.
Ливерпул со минимален резултат 0-1 славеше на гостувањето во Амстердам против Ајакс, и тоа со автоголот на Николас Талјафико.
Манчестер Сити со пресврт го совлада Порто со 3-1. Гостите поведоа со голот на Луис Дијаз во 14.минута, а израмни Серхио Агуеро од пенал. Гундоган и Феран Торес донесоа триумф за „граѓаните“.
Аталанта беше убедлива на гости кај Митјиланд и победи со 0-4. Запата, Гомез, Мјуриел и Миранчук ја тресеа мрежата на домаќинот. Олимпијакос оствари триумф (1-0) над Олимпик Марсеј со голот на Кока во 90.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













