Реал Мадрид одигра шокантно прво полувреме против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите, губеше со 0-3, а иако се обиде не можеше да се врати резултатски во вториот дел. „Кралевите“ го забележаа вториот пораз во низа, а искусниот Лука Модриќ вели дека тимот мора да се крене психолошки пред „Ел Класико“. Најважниот дуел во Ла Лига со големиот ривал Барселона следи в сабота на „Камп Ноу“.
„Изгледавме како фудбалски незнајковци во првото полувреме. Не можевме да поврземе две добри додавања, му ја препуштивме контролата на противникот и примивме три гола. Тоа е недозволиво, посебно кога се игра во Лигата на шампионите. Добивме лекција од Зидан на полувремето, да играме поблиску до противникот, да бидеме агресивни, да нападнеме. Изгледавме многу подобро, но тешко е да се вратиш после три гола негатива. Мораме да се кренеме, следи големото дерби со Барселона“, изјави Лука Модриќ по поразот од Шахтјор во Мадрид.
„
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













