Реал Мадрид доживеа шокантен пораз од Шахтјор (2-3) на домашен терен на стартот од новото издание во Лигата на шампионите. Зинедин Зидан го немаше во тимот капитенот Серхио Рамос кој е повреден, го чуваше за саботното „Ел Класико“, а тоа обично е кобно за „кралскиот клуб“.
Статистиката вели дека Реал Мадрид е „нула“ без Серхио Рамос. Неговото присуство на теренот е од круцијално значење. „Кралевите“ имаат само една победа на осум натпревари во Лигата на шампионите кога капитенот не бил во составот.
Клуб Бриж е екипата што била поразена од Реал Мадрид кога Рамос не бил во тимот, но затоа Реал Мадрид потклекнал против Јувентус, ЦСКА Москва (двапати), Ајакс, ПСЖ, Манчестер Сити и Шахтјор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal