Наполи важеше за голем фаворит на мечот против АЗ Алкмар на стартот од групната фаза во Лигата на Европа, особено што гостите имаат големи проблеми со тимот поради пандемијата на коронавирусот, но составот на Џенаро Гатузо доживеа шокантен пораз (0-1) на домашен терен. Дани Де Вит во 57.минута ги изненади „наполитанците“ со погодок, а Мертенс, Инсиње и останатите не успеаја да возвратат до самиот крај. Елиф Елмас се уште е во изолација со оглед дека е позитивен на Covid-19.
Дарко Велковски и Ријека загубија во финишот со 0-1 против фаворизираниот Реал Сосиедад. Македонскиот репрезентативец одигра одличен меч во одбраната на хрватскиот тим, но Јон Баутиста во 93.минута донесе победа за Реал Сосиедад.
Најубедливата победа ја забележа Баер Леверкузен кој со 6-2 ја совлада Ница. Рома на гости го совлада Јанг Бојс со 1-2, со головите на Бруно Перес и на Мараш Кумбула. Бенфика исто така славеше на гости со 2-4 против Лех Познањ. Дарвин Нуњез постигна хет – трик, а Пици погоди од пенал.
Гранада со 1-2 победи на гости кај ПСВ Ајндховен. Марио Геце постигна водечки гол за холандскиот тим, а Хорхе Молина и Дарвин Мачис направија целосен пресврт,
Арсенал исто така забележа гостинска победа против Рапид Виена (1-2). Стрелци на головите за „топчиите“ беа Давид Луиз и Пјер-Емерик Обамејанг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













