
Уругваецот Единсон Кавани ги одигра дебитанските минути во дресот на Манчестер Јунајтед, но тимот на Оле Гунар Солскјер не успеа да го совлада Челси (0-0) во дерби дуелот на „Олд Трафорд“. Двата тима многу повеќе внимаваа на сопствената мрежа, а Маркус Рашфорд го имаше двете најдобри шанси за „црвените ѓаволи“.
Рашфорд во првото полувреме шутираше од дваесетина метри, но Менди беше на висина на задачата. Во финишот исто така напаѓачот на Јунајтед упати силен удар од работ на шеснаесетникот, но повторно Едуард Менди се испречи за топката да заврши на посакуваното место.
Челси по шест одиграни мечеви има девет бода, додека Манчестер Јунајтед освои седум, но од пет натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski