
Германскиот репрезентативец Серж Гнабри залудно пропушти два меча за Баерн Минхен, откако го згрешиле неговиот тест за Covid-19. Тој беше позитивен на коронавирусот пред мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, но подоцна е утврдено дека всушност се работи за грешка.
Гнабри не играше против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони, не беше дел од тимот на мечот против Ајнтрахт Франкфурт во Бундес-лигата. Баерн Минхем оствари убедливи победи, но Гнабри залудно останал во изолација.
Баерн Минхен побарал ново тестирање за офанзивецот на кое е утврдено дека била направена грешка претходниот пат, а резултатот е негативен на коронавирусот. Гнабри е веднаш „ослободен“ од изолација и може да се врати на тренинзите на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Матеја Масев потпиша професионален договор со Црвена Звезда

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
