Еден од симболите на Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо, се враќа во тимот на Јувентус во елитното европско клупско натпреварување откако го надмина проблемот со коронавирусот. Тој е вклучен во составот на Андреа Пирло за вечерашниот меч против Ференцварош во Унгарија.
Португалецот е лидер на листата на стрелците во ЛШ, има 141 гол зад своето име, 14 повеќе од Лионел Меси. се наоѓа на второто место на вечната листа и според бројот на настапи во ЛШ – 174, веднаш зад Икер Касилјас (181). И речиси сигурно ќе излезе на првото место и на ова рангирање.
Јувентус по поразот дома од Барселона има силен мотив за триумф вечерва против Ференцварош. Барселона има лесна задача против Динамо Киев, со оглед дека украинскиот тим е и сериозно десеткуван поради коронавирусот.
ПСЖ ослабен, без Мбапе и Нејмар во навалната линија, ќе му гостува на Лајпциг, а Манчестер Јунајтед ќе ја бара и третата победа во третиот меч, на гости против Башакшехир во Турција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













