Работнички по двонеделната пауза се враќа во натпреварувачки ритам и сака да продолжи во победнички стил. По триумфот над Академија Пандев (0-1) во првото пролетно коло во Струмица, тимот на Александар Влахо утре на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Силекс. Желбата на „романтичарите“ е да продолжат по победничките патеки, а важноста на мечот ја потенцира капитенот Горан Силјановски.
„Дуелот со Силекс е екстремно важен за Работнички. По успешниот старт и триумфот над Академија Пандев, сакаме да продолжиме во ист стил и против Силекс, на домашната пролетна премиера. Подготвени сме за предизвикот, максимално мотивирани и се надеваме дека ќе успееме да ги освоиме трите бода. Силекс заслужува респект, имаат квалитетен состав, но ние веруваме во нашите можности и посакуваме триумф“, вели Горан Силјановски за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот меѓу Работнички и Силекс е закажан за утре, со почеток во 14 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, ќе биде премиера на 20. коло во Првата лига, а ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski