
Српскиот интернациионалец Лука Јовиќ повторно се поврзува со заминување од „Сантијаго Бернабеу“, но се е актуелно негово враќање во Германија. Реал Мадрид би сакал да го искористи како мамка за да го привлече Ерлинг Халанд.
Шпанските медиуми пишуваат дека Јовиќ би можел да си замине на зима, и тоа на позајмица во Борусија Дортмунд. „Марка“ пишува дека претседателот на шпанскиот првак Флорентино Перез решил да го искористи Јовиќ како мамка за следното лето да го добие Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Норвежанецот е еден од најбараните млади фудбалери во Европа и за него се интересираат и ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski