
Капитенот на фудбалската репрeзентација на Шпанија, Серхио Рамос, стана фудбалерот со најмногу (177) настапи во националниот тим, го надмина Џанлуиџи Буфон на вечната листа, но мечот со Швајцарија ќе памети по лошо. Не успеа да реализира два пенали, што му ги одбрани швајцарскиот голман Јан Сомер.
Фројлер во 26.минута донесе водство за Швајцарија на овој меч, а израмни Жерар Морено во 89.минута.
Германија ја совлада Украина со 3-1. Гостите поведоа со голот на Јаремчук, но Германија одговори до полувремето со погодоците на Лирој Сане и на Тимо Вернер. Во вториот дел Тимо Верне уште еднаш ја погоди противничката мрежа.
Франција славеше на гости кај Португалија со 0-1, а стрелец на голот беше Нголо Канте во 54.минута.
Шведска ја совлада Хрватска со 2-1. Кулушевски и Даниелсон стрелаа за Швеѓаните, а во финишот Даниелсон си постигна и автогол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski