Германскиот првак Баерн Минхен подготвува пријатно изненадување за вториот дел од сезоната. Бундеслигашот е подготвен да го врати назад Марио Манџукиќ по пауза од шест години. Тој од 2012 до 2014 година го носеше дресот на баварскиот гигант и на 54 натпревари постигна 33 гола. Сега би можел да се врати назад и да биде одличен „бек ап“ за Роберт Левандовски.
Ханси Флик знае дека на Левандовски му е потребен одмор на одредени натпревари, а Марио Манџукиќ би бил идеално решение. Тој би дошол како слободен агент и нема многу да го оптовари буџетот.
Хрватот беше пред договор со Локомотив Москва, но рускиот клуб во последен момент ги промени условите од договорот што на крајот беше неприфатливо за 34-годишниот Манџукиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













