Италијанскиот првак Јувентус направи неверојатен преседан за италијански стандарди на мечот против Ференцварош во Лигата на шампионите. За првпат во 123 години и вкупно одиграни 4.371 меч, „старата дама“ во одбраната нема ниеден Италијанец, ниту на голот, ниту во најтесната одбранбена линија. На ова е речиси приморан тренерот Андреа Пирло, со оглед дека се повредени Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини.
Така, на голот е Полјакот Војчех Шчешни, а во одбраната се Холанѓанецот Матијс де Лихт, Бразилците Данило и Алекс Сандро и Колумбиецот Хуан Квадрадо.
Јувентус во првите единаесетмина има само еден Италијанец на дуелот со Ференцварош, Федерико Бернардески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













