Италијанскиот првак Јувентус не може да се договори со аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала за продолжување на соработката. Финансиите, секако, се главната пречка.
Аргентинецот бара годишна плата од 11 милиони евра, а Јувентус сака да ги скрати трошоците поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. По ова, јасно е дека Дибала ќе биде продаден, а главен фаворит за неговиот потпис е Пари Сен Жермен.
Тренерот Андреа Пирло сака да го задржи Дибала во тимот, но, сепак, остава раководството да ја разреши ситуацијата околу новиот договор. Го има и Алваро Мората кој се врати во голгетерска форма, а Кристијано Роналдо исто така е неверојатно ефикасен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













