Connect with us

Аргентина се простува од најголемиот на сите времиња

Ковчегот на Диего Марадона е изложен во претседателската палата и во следните 48 часа Аргентинците ќе имаат можност да се збогуваат со синот на Аргентина, најголемиот на сите времиња. Тој почина вчера на 60-годишна возраст, а според извршената обдукција основниот проблем бил предизвикан од акутен едем на белите дробови.

Се очекува повеќе од милион Аргентинци да пристигнат и да се збогуваат со Диего Марадона, омилениот фудбалски херој на нацијата, а на почетокот се случи и мал инцидент затоа што луѓето сакаат да дојдат блиску до ковчегот, а тоа не им е дозволено. 

Бока Јуниорс на специфичен начин му оддаде почит на Диего Марадона. Го откажа натпреварот во Копа Либертадорес и ги изгасна рефлекторите, а светлото беше вклучено само во неговата ВИП ложа на стадионот „Ла Бомбоњера“.

       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови