Диего Марадона беше обожуван од сите, но всушност многу осамен. Имаше и семејни проблеми, на крајот можеби веќе и се предаде уморен од се. Ова на јавноста и го откри Стефано Сеси, неговиот менаџер и голем пријател, непосредно по погребот на легендарниот аргентински фудбалер.
„Диего секогаш беше сам. Луѓето него го гледаа само како Марадона. Диего престана да биде Диего уште кога наполни 17 години. Многу тешко му паѓаше тоа што е славна личност. Беше чувствителен, несигурен, но секогаш имаше ведар дух. Лично, имам преубави спомени“, изјави Сеси.
Во последните неколку години животот како многу да му стежнал на Марадона.
„Чувствувавме сите како да се предаде. Физички, но и психички. Мислам дека едноставно како да престана да се бори, не му се живееше. Никогаш не го најде вистинскиот мир поради семејниот хаос. Дури и сега кога е мртов, тие и понатаму си ги вадат очите едни со други. Сега е со оние кои најмногу ги сакаше, неговите родители. Диего сега ќе го најде својот мир“, истакна Стефано Сеси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski