
Манчестер Сити утре го очекува дуел против Барнли во Премиер – лигата, а прашање е дали Серхио Агуеро ќе биде способен за настап. Тој не се чувствува најдобро по смртта на Диего Марадона и не може да се фокусира на фудбал. Агуеро беше оженет со најмладата ќерка на Марадона, Џанина во 2008 година, со која го има 11-годишниот син Бенџамин.
Менаџерот Пеп Гвардиола вели дека Агуеро самиот ќе одлучи дали ќе против Барнли, но признава дека не е во најдобра психичка состојба.
„Тешко ми е да зборувам за неговите чувства, но знам дека во средата против Олимпијакос му беше многу тешко. Посебно е чувствителна ситуацијата за неговиот син, тој многу го сакаше неговиот дедо Диего. Тешка ситуација за семејството“, изјави Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
