Австрискиот интернационалец Давид Алаба на крајот од сезоната речиси сигурно ќе го напушти Баерн Минхен. Тој не успеа да се договори со раководството на баварскиот клуб за продолжување на соработката поради преголемите финансиски побарувања. Тоа отвори простор за други клубови да се вклучат во трката за одличниот лев бек кој може да игра со успех и во централниот дел од одбраната, но и во средниот ред.
Интерес за Давид Алаба појавува Челси. Англискиот премиерлигаш би сакал да го доведе во Лондон, а Франк Лампард вели дека нема да штеди пари за Австриецот. Секако, тој би дошол како слободен агент на „Стемфорд бриџ“, но во преговорите со Баерн побара годишна плата од 20 милиони евра. Дали Челси е подготвен да ги задоволи апетитите на Алаба?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













