Диего Марадона замина во легендите, но засекогаш ќе биде бесмртен. Тој беше божество за цела Аргентина, обожуван во целиот свет, но најтешко секако им е на членовите на семејството. Највозрасната ќерка Далма, напиша трогателна порака за својот татко. Еден ден пак ќе става маргаритки во неговите фудбалски чорапи. Тоа е фотографијата која своевремено го обиколи светот, а Диего ја гледа со огромна татковска љубов.
„Досега се плашев од мојата смрт, но отсега веќе не… Затоа што знам дека тоа ќе биде моментот кога повторно ќе те видам и ќе те гушнам! Веќе ми недостасуваш. Не можам да издржам тука без делот од моето срце кое вчера го зеде со тебе. Ќе те сакам и бранам цел живот, затоа што тоа е мојата благодарност за заедничкиот живот кој го имавме. Уништена сум, но ќе биде подобро. Чекај ме таму. До тогаш ќе ја вежбам нашата омилена песна за повторно да ја пееме заедно. Всушност ти да пееш, онака како што знаеш убаво, а јас да врескам. Те сакам тато!
Верувај дека сите твои внуци во иднина добро ќе знаат кој точно си бил, кој си и кој ќе бидеш засекогаш. Сега, не можам да замислам каков ќе ми биде животот без тебе. Но, продолжувам. Ги имам најдобриот сопруг на светот и ќерката кои ќе ме присилат да продолжам. Животот тука е краток, па се гледаме наскоро. Повторно ќе ти донесам маргаритки за да ги украсиме твоите фудбалски чорапи. И те молам, погледни ме сега со истата онаа љубов со која ме гледаш на фотографијата. Те сакам засекогаш“, напиша Далма на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
A post shared by Dalma Maradona (@dalmaradona)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













