Аргентинското фудбалско божество Диего Марадона замина од овој свет, а по неговиот погреб се погласни се шпекулациите дека неговата смрт можела да биде избегната доколку одредени луѓе и институции реагирале побрзо во дадениот момент, кога на легендарниот фудбалер му се слошило. Тој почина во сон откако на неговиот внук му кажал дека не му е добро и ќе оди да одмори.
Аргентинското обвинителство отвори истрага по службена должност за да ги испита сите дејствија пред трагичната смрт на Диего Марадона. Неговиот адвокат истакна дека веднаш по смртта се води и голема борба кај семејството и роднините околу поделбата на имотот и наследството, па треба да се испитаат сите причини. Дали имало можеби и негрижа кај дел од семејството и роднините која можеби придонела на Марадона да не му се помогне во критичните моменти. Исто така, ќе се истражува и зошто возилото за итна помош пристигнало толку доцна, дури триесетина минути по повикот и тогаш можеле само даја констатираат смртта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













