Интер ја оствари третата последовна победа во Серија А, вкупно шеста во досегашниот тек од сезоната совладувајќи ја Болоња на „Џузепе Меаца“ со 3-1. Ромелу Лукаку го отвори резултатот во корист на „нероаѕурите“, а Ашраф Хакими зголеми на 2-0.
Емануел Вињато во 67.минута даде мала надеж за Болоња намалувајќи на 2-1, но Хакими со вториот гол само три минути подоцна ги разреши дилемите околу победникот.
Интер сега има два бода негатива во однос на лидерот Милан кој има и меч помалку.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement