Connect with us

Ердоган со жестока порака по расистичките навреди кон членот на Башакшехир

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој е неформален сопственик на Башакшехир, се огласи на социјалните мрежи по скандалот во Париз осудувајќи ги расистичките зборови на романскиот судија Себастијан Колтеску кон членот на стручниот штаб на Башакшехир, Пјер Вебо.

Меѓот меѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат во 13. минута, откако четвртиот судија го нарече помошникот на гостински тим „црно момче“.

„Нашиот претставник најостро ги осудува расистичките коментари упатени кон Пјер Вебо, членот на стручниот штаб на Башакшехир. Верувам дека УЕФА ќе ги преземе неопходните чекори. Ние сме безусловно против расизмот и дискриминацијата во спортот и во сите области на животот. Не за расизмот“, напиша Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи.

 

Temsilcimiz Başakşehir’in teknik ekibinden Pierre Webo’ya karşı sarf edilen ırkçı sözleri şiddetle kınıyor, UEFA tarafından gereken adımların atılacağına inanıyorum.

Sporda ve hayatın tüm alanlarında ırkçılığa ve ayrımcılığa kayıtsız şartsız karşıyız. #Notoracism
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) December 8, 2020

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови