Манчестер Сити денеска гостува на „Олд Трафорд“ во премиерлигашка битка, но вечната борба на ривалите од истиот град продолжува и надвор од теренот. Ерлинг Халанд, норвешкото голгетерско чудо е најновиот фронт што го отворија „граѓаните“ и „ѓаволите“.
Борусија Дормтунд најави дека најверојатно ќе го продава Халанд, отштетната клаузула е 75 милиони евра, а тоа и во период на посткризна состојба поради пандемијата на коронавирусот не е премногу за Манчестер Сити и за Манчестер Јунајтед.
Пеп Гвардиола и Оле Гунар Солскјер сакаат да го имаат талентираниот млад голгетер во своите редови и ќе сторат се да го доведат во Манчестер. Прашање е само на која страна од градот.
Сепак, долга е листата на клубови кои го посакуваат Ерлинг Халанд. Реал Мадрид и Барселона, Пари Сен Жермен, Јувентус и Интер, се само дел од заинтересираните клубови за ангажман на Норвежанецот. Тој во моментот е на принудна пауза, се опоравува од повредата ма мускулот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













