
Манчестер Јунајтед доживеа елиминација од Лигата на шампионите, но има четири последовни победи во Премиер – лигата и тоа засега го чува Оле Гунар Солскјер. Сепак, сето ова би можело да се промени веќе по денешната градска пресметка со Манчестер Сити. Доколку „ѓаволите“ загубат од градскиот ривал на „Олд Трафорд“ тоа значително ќе ја отежни ситуацијата за Норевжанецот на клупата.
Маурисио Покетино, како што најавуваат медиумите на Островот, чека да се отвори работното место на „Олд Трафорд“ за да ја преземе клупата на Манчестер Јунајтед.Тоа го предвидува и поранешниот напаѓач на Јунајтед, Теди Шерингам.
„Сигурен сум дека досега Покетино има добиено неколку понуди за да се врати на тренерската професија. Но, тој ја чека вистинската понуда“, изјави Шерингам, алудирајќи на клупата на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ во моментот се наоѓаат на седмата позиција на табелата во Премиер – лигата со 19 освоени бода, пет помалку од водечкиот тандем Тотенхем и Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
