Connect with us

Артур: Меси само молчи, а Роналдо секогаш е подготвен да ти помогне

Бразилецот Артур е фудбалерот кој во последните неколку години имаше можност да соработува, да тренира и да се дружи со најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Направи споредба на нивните карактери и откри специфични детали.

„Во едно Меси и Роналдо се исти, желбата за победа додека играат натпревар. Да постигнат и три гола, тие „гризат“ веднаш за да дадат и четврти. Тука се речиси еднакви, мотивација никогаш не им недостига, не се задоволуваат и затоа се толку успешни. Можам да кажам дека Роналдо тренира како „животно“, тоа е неговиот начин на живот. Инаку, Меси е многу молчелив, не се впушта во разговори со сите, тој едноставно живее свој живот иако секогаш е пријателски настроен кон соиграчите. Роналдо е сосема поинаков. Тој сака да разговара со сите, нуди совети, секогаш е подготвен да ти помогне. На пример, ме советува и што да јадам за да бидам подобар на теренот. И мене ми беа потребно совети, затоа што не е лесно од еден голем клуб како Барселона да дојдете во друг голем клуб, Јувентус“, објасни Артур. 

Тој дојде во Торино како дел од трансферот на Миралем Пјаниќ во Барселона. Се уште се прилагодува на играта на Јувентус, но тренерот Андреа Пирло вели дека секако е големо засилување. 

          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови