Реал Мадрид го доби градското дерби со Атлетико Мадрид и ја продолжи серијата победи. „Кралевите“ се пласираа и во осминафиналето на Лигата на шампионите, па тренерот Зинедин Зидан кој претходно беше под голем притисок, сега може да здивне. Задоволен од изданието на тимот.
„Среќни сме, му го нанесовме првиот пораз на Атлетико Мадрид, одигравме силен пресинг на нивниот среден ред, ја имавме топката, го контролиравме мечот. Крос и Модриќ беа еб*но добри. Им дозволивме да создадат само една шанса, онаа на Саул. Ние постигнавме два гола, бевме квалитетни. Карим беше феноменален, Лукас Васкез, капитенот Серхио е секогаш меѓу најдобрите, Карвахал и Варан одиграа врвно. Реал Мадрид има голем квалитет, тоа го велам и кога ќе загубиме“, изјави Зинедин Зидан по триумфот над Атлетико Мадрид.
Реал Мадрид во следното коло го пречекува Атлетик Билбао на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













