
Барнли првпат во историјата го совлада Арсенал на гости и ја продолжи мизеријата на тимот на Микел Артета. „Топчиите“ немаат победа на последните пет меча во Премиер – лигата, а четири од нив се порази. Барнли славеше со 0-1, со автоголот на Пјер – Емерик Обамејанг во 73.минута.
Работата за Арсенал ја отежна и Гранит Џака кој заработи црвен картон во 56.минута, откако фати за врат противнички играч по една расправија.
Лестер со 3-0 го совлада Брајтон на домашен терен. Џејмс Медисон беше двоен стрелец, а мрежата на гостите ја погоди и Џејми Варди.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement