Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, поранешен југословенски и српски фудбалер Драган Стојковиќ Пикси многу веројатно ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Тој избива во прв план по преговорите што ги водат челниците на Фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед со неколку кандидати. По разделбата со Љубиша Тумбаковиќ, името на новиот селектор треба да биде соопштено до крајот на годината.
Пикси со успех во минатото ја водеше Грампус Нагоја, а последен пат седеше на кинескиот Гвангжу РФ.
Драган Стојковиќ досега неколкупати беше споменуван како можен селектор на Србија, но ниту еднаш не доби шанса да го води фудбалскиот национален тим. Сега, како што откриваат српските медиуми, е многу блиску до селекторската клупа.
Покрај Пикси, во опција за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија се и Владан Милојевиќ, Саво Милошевиќ, Вељко Пауновиќ и францускиот стратег Рајмонд Доменех.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski