
Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен во зимскиот преоден рок ќе го напушти Интер и ќе се пресели во Париз. Тој ќе замине на шестмесечна позајмица во Пари Сен Жермен, со опција за комплетно откупување на договорот. Спортскиот директор Леонардо е голем фан на Ериксен и самиот го договорил неговиот премин на „Паркот на принцовите“.
Ериксен дојде во Интер како големо засилување од Тотенхем, но не успеа да се нанетне кај тренерот Антонио Конте кој му порача да си бара друга фудбалска средина доколку сака поголема минутажа. За Ериксен се интересираат и Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус, Рома, а го врзуваа и во можна размена со Атлетико Мадрид, доколку Жоао Феликс одлучи да замине од „Ванда Метрополитано“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
