Connect with us

Бејл е несреќен и во Тотенхем, сега сака назад во Реал?

Велшкиот интернационалец од Реал Мадрид летото се пресели во Тотенхем со надеж дека ќе ја оживее кариерата и дека повторно ќе блесне во полн сјај, но тоа не се случува. Ниту кај Жозе Мурињо тој нема загарантирано место во првиот состав, напротив, многу почесто е на клупата за резерви, па сега размислува дури и за враќање назад на „Сантијаго Бернабеу“. 

Бејл би можел да побара прекин на позајмицата во Тотенхем и во зимскиот преоден рок да се врати во Реал Мадрид, со оглед дека има договор со „кралевите“ до 2022 година. Но, ниту во Реал не е омилен, посебно не кај тренерот Зинедин Зидан кој многу често го оставаше и надвор од протоколот, на трибините. „Кралскиот клуб“ сака да се ослободи од неговата огромна плата и веројатно ќе инсистира тој да остане во Тотенхем.

 
    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови