Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е избран за тренер на годината на церемонијата на ФИФА. Тој во изборот за најдобар фудбалски стратег ги победи Ханси Флик, кој освои тројна круна со Баерн Минхен, и Марсело Биелса, менаџерот на Езгјан Алиоски во Лидс Јунајтед кој го внесе клубот од Чемпионшип во Премиер – лигата.
Кај дамите, најдобра во тренерската професија е Сарина Вигман.
По долги години исчекување, Јирген Клоп ја врати титулата на „Енфилд Роуд“.
„Искрено, изненаден сум, малку да претпоставев дека ќе бидам добитник, ќе ги викнев сите мои соработници до мене. Среќни сме што успеавме да ја освоиме титулата во Англија минатата година, фановите на Ливерпул ја исчекуваа многу долго“, изјави Јирген Клоп.
Наградата за фер-плеј му припадна на младиот фудбалер Матија Агнесе кој спаси човечки живот на теренот. Тој му помогна на противничкиот фудбалер во најважните моменти за да биде спасен неговиот живот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













