
Реал Мадрид синоќа го совлада Еибар со 1-3 на гости, но останува спорен моментот кога Серхио Рамос играше со рака во својот шеснаесетник. Доколку беше досуден пенал за Еибар, домаќинот ќе имаше можност да израмни.
Тренерот на Еибар, Хозе Луис Мендилибар, посочи дека по натпреварот и самиот Серхио Рамос признал дека играл со рака.
„Навистина веќе не знам што е пенал, а што не. Само изминатава седмица имаше толку играња со рака во шеснаесетникот и веќе никој не знае кога треба да се досуди пенал. Сега се беше одлучено многу брзо, а во најголем дел од ситуациите ги прегледуваат ВАР снимките од секој агол. Очигледно е дека Рамос ја удира топката со рака, тоа самиот го призна. Мислам дека и судиите не знаат кога треба да досудат пенал, со овој проблем ќе се соочуваме во текот на целата сезона“, изјави Мендилибар.
Реал Мадрид се израмни бодовно со Атлетико Мадрид на врвот на табелата, но градскиот ривал има одиграно два натпревари помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо
