Менаџерот Пеп Гвардиола најави дека Манчестер Сити нема да купува нов напаѓач во јануари, но затоа подготвува спектакуларен трансфер за летниот преоден рок. По завршувањето на сезоната, „граѓаните“ ќе тргнат во акција за ангажман на Ромелу Лукаку од Интер. Подготвени се за него 100 милиони евра.
Белгискиот интернационалец наводно е незадоволен од неуспехот на Интер во Лигата на шампионите и не би имал против да се врати во Премиер – лигата. Интересно, тој претходно беше член на градскиот ривал Манчестер Јунајтед и не се докажа во дресот на „црвените ѓаволи“.
Лукаку, според информациите на германскиот „Спорт 1“, би заработувал 15 милиони евра по сезона доколку ја прифати понудата на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













