Италијанскиот калчолигаш Милан влезе во финални преговори за ангажман на српскиот интернационалец Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Тој не успеа да се наметне во „кралскиот клуб“ по доаѓањето од Ајнтрахт Франкфурт и доби дозвола да замине.
Милан сака да го добие на позајмица до крајот на сезоната, со опција доколку двете страни се задоволни комплетно да биде откупен неговиот договор.
Лука Јовиќ имаше многу проблеми во периодот откако пристигна во Реал Мадрид, повреди, но и животен стил со кој самиот придонесе да биде надвор од тимот на Зинедин Зидан. Во Милан сака да сврти нов лист и да ја врати формата со која блескаше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













