Италијанскиот калчолигаш Џенова го назначи Давиде Балардини за нов тренер откако претходно се раздели со Роналдо Маран. Пандев и соиграчите во продолжението од шампионатот ќе ги предводи добро познато лице, Давиде Балардини, кој последен пат беше на клупата на Џенова во сезоната 2018/19.
Џенова лошо го стартуваше новото првенство во Серија А. Се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со само седум освоени бода по 13 одиграни натпревари. Џенова има ефект од еден триумф, четири ремија и осум порази.
По последниот пораз од Беневенто (2-0), раководството на клубот одлучи да направи промена на тренерската позиција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













